ЕЛЕМ се задолжи кај Дојче банка со над 52 милиони евра

Bez autora
Aug 23 2012

Законот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за проектот Модернизација на блок 2 и блок 3 во ТЕ Битолаа меѓу Дојче банка и АД ЕЛЕМ, вчера го донесе Собранието на РМ по скратена постапка. За реализацијата на проектот потребни се 52.096.491,70 евра, а од нив 85%, односно 44.282.018 евра се предвидува да бидат обезбедени со заем од Дојче банка, а преостанатите 15% ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства. Заемот од Дојче банка е поделен на два дела, односно 22.364.362 евра за третиот блок и 21.917.656 евра за вториот блок. За реализација на проектот треба да се плати и ХЕРМЕС премија за осигурување на извоз во износ од 2.500.000 евра за делот од заемот за блок 3 и 2.450.000 евра за делот од заемот за блок 2.

ЕЛЕМ се задолжи кај Дојче банка со над 52 милиони евраЗаконот за гаранција на РМ на обврските по Договорот за заем за проектот Модернизација на блок 2 и блок 3 во ТЕ Битолаа меѓу Дојче банка и АД ЕЛЕМ, вчера го донесе Собранието на РМ по скратена постапка.

За реализацијата на проектот потребни се 52.096.491,70 евра, а од нив 85%, односно 44.282.018 евра се предвидува да бидат обезбедени со заем од Дојче банка, а преостанатите 15% ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.

Заемот од Дојче банка е поделен на два дела, односно 22.364.362 евра за третиот блок и 21.917.656 евра за вториот блок. За реализација на проектот треба да се плати и ХЕРМЕС премија за осигурување на извоз во износ од 2.500.000 евра за делот од заемот за блок 3 и 2.450.000 евра за делот од заемот за блок 2. Согласно тоа, вкупниот износ на заемот од Дојче банка ќе биде 49.232.018 евра. Заемопримач ќе биде ЕЛЕМ, додека Република Македонија ќе издаде државна гаранција. Каматната стапка е варијабилна и претставува збир од шестмесечен ЕУРЛИБОР плус маргина од 1,675 отсто годишно. На барање на Електрани на Македонија може да се направи конверзија на каматната стапка во фиксна каматна стапка според рокови и услови предвидени во Договорот за заем.

Заемот треба да се отплаќа во 24 еднакви полугодишни рати. Отплатата треба да започне 6 месеци по датумот на подготвеност за работа на модернизиран блок. Првата отплата на делот од заемот за блок 3 треба да започне најдоцна на 20 јуни 2013 година, а за блок 2 најдоцна на 20 јуни 2014 година.

Додека течеше расправата, Митре Вељаноски од СДСМ рече дека заемите некој треба да ги врати и дека поради новото задолжување најверојатно струјата повторно ќе поскапи.

Во реплика вицепремиерот и министер за финасии, Зоран Ставрески, истакна дека пред еден месец во Бугарија цената на струјата беше зголемена за 13%, а пред два месеца во Хрватска за 20%. Слично, посочи Ставрески, е и во другите земји од регионот со исклучок на Србија каде енергетскиот сектор е во државна сопственост.

Министерот нагласи дека на Чикашката берза земјоделските производи, меѓу кои и сончогледот, достигнаа највисока цена во последните 27 години за што, како што рече, не одлучува ВМРО-ДПМНЕ и поради што поскапуваат земјоделските производи и маслото за јадење. Поради кризата со Иран, додаде Ставрески, постојано поскапува и цената на суровата нафта на светскиот пазар која е основа за формирање на малопродажните цени на нафтените деривати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik